Во цврст натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Аџибадем Систина ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ 2-2(2-2) Аџибадем Систина

Фабрика Карпош – ГИМ: Јован Јанковски 13’ 19’
Аџибадем Систина: Даниел Боневски 10’ 17’

Израмнето прво полувреме помеѓу екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Аџибадем Систина, двете екипи влегоа цврсто во овој натпревар. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ врешеше силен притисок кон голот на противникот но екипата на Аџибадем Систина успешно ги одбиваше нападите, а преку брзи контра напади се закануваше на спротивниата страна. Аџибадем Систина го отвори резултатот во 10та минута од полувремето со погодокот на Боневски, ова ја примора екипата на Фабрика Карпош да продолжи со офанзивна игра и силен притисок. Ваквата игра вроди со плод во 13та минута кога Фабрика Карпош – ГИМ преку Јанковски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол па на паузата се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична егал игра, на двете страни се доаѓаше до отворени шанси за погодок но голманите во овој натпревар беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесен погодок. Како одминуваше времето се зголемуваше темпото на игра што ја направи пеколна завршницата на овој натпревар. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во своите редови внесе голман играч, сепак Аџибадем Систина го издржи притисокот и на крајот екипите ги поделија бодовите.