Во цврст натпревар ЈСП и Кромбер и Шуберт ги поделија бодовите

ЈСП 2-2(2-1) Кромберг & Шуберт

ЈСП: Гоце Крстевски 12’ Мартин Ливрински 14’
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 35’ Иве Трифуновски 13’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на ЈСП и Кромберг и Шуберт, двете екипи со цврста и израмнета игра на средината на теренот ја бараа својата шанса на грешка на противникот. Екипата на ЈСП прва го отвори резултатот со погодокот на голманот Крстевски во 12та минута од полувремето, ова ја примора екипата на Кромбер и Шуберт да притисне кон голот на противникот и во 13та успеа да преку Трифуновски успеа да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на ЈСП успеа да реализира уште еден погодок и на паузата да замине со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Кромбер и Шуберт ги зацврсти своите редови и се почесто се закануваше кон голот на противникот, сепак екипата на ЈСП одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесен погодок. Како се ближеше крајот на натпреварот екипаа на Кромбер и Шуберт го зголемуваше темпото на игра па во 35та минута со погодокот на Крстевски успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2 што ја направи завршницата на натпреварот вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 2-2 екипите ги поделија бодовите.