Во цврст натпревар LC Waikiki славеше над Стопанска Банка

LC Waikiki 3-2(2-2) Стопанска Банка

LC Waikiki: Фуркан Фетаи 9’ 23’ Есер Сулејмани 15’
Стопанска Банка: Кристијан Апостоловски 18’ Кристијан Богдановски 12’

Екипите на LC Waikiki и Стопанска Банка во овој натпревар започнаа со цврста игра и долично поставена одбрана. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и од минута во минута се почесто се закануваа кон голот на противникот, екипата на LC Waikiki во 9та минута преку Фетаи успеа да го отвори резултатот и поведе со 1-0. Екипата на Стопанска Банка успеа преку Богдановски успеа во 12та минута да го израмни резултатот и да ја врати неизвесноста. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по уште еден погодок па на паузата заминаа со резултат од 2-2. Во второто полувреме екипите продолжија со израмнет натпревар, голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа се до погодокот на Фетаи кој и донесе предност на LC Waikiki од 3-2. Како одминуваше времето екипата на Стопанска Банка се обидуваше со високо темпо на игра и чести ротации да дојде до поволна положба за реализација, но LC Waikiki одлично ја постави играта во одбраната. До крајот на натпреварот екипата на Стопанска Банка не успеа да релизира па LC Waikiki славеше со резултат од 3-2.