Глигуровски во последните секунди постигна гол за реми

Сава Осигурување 5-5(1-2) С.Ц. Борис Трајковски

Сава Осигурување: Андреј Китановски 2′ 33′ 36′ Јовица Марковски 26′ Коста Глугуровски 40′
С.Ц. Борис Трајковски: Оливер Китановски 15′ Симон Јагодиќ 18′ Дарко Филимановски 23′ Јован Димовски 27′ Влахо Костов 34′

Во првиот натпревар од деветото коло силите ги одмерија екипите на Сава Осигурување и С.Ц. Борис Трајковски. Одличен почеток за екипата на Сава Осигурување која во втората минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот, по овој примен погодок екипата С.Ц. Борис Трајковски се префрли на противничката половина вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување во што успеаа во 15та минута. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои моменти на одлична игра и шанси за зголемување на водството, тоа и успеа на екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 18та минута за водство од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурвање вршеше силен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски со цел да дојде до израмнување но екипата на С.Ц. Борис Трајковски со одлична тактика го бранеше својот гол се до самиот самиот финиш кога екипата на Сава Осигурување успеа да реализира за поделба на бодовите со резуталт од 5-5.