Гранит во отворен фудбал до победа над Bestway Solutions

Bestway Solutions 3-5(1-2) Гранит

Bestway Solutions: Ненад Стојковски 24’ Марко Неделковски 33’ Филип Зоксимовски 3’
Гранит: Николче Глигуровски 8’ Дарко Петров 18’ 32’ Мартин Фотевски 31’ Димитар Илиевски 24’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Bestway Solutions и Гранит го отвори екипата на Bestway Solutions со погодокот на Зоксимовски во 3та минута од полувремето. По ова рано водство на Bestway Solutions екипата на Гранит притисна во предно поле и со офанзивна игра атакуваше на израмнување кое дојде во 9та минута од полувремето со погодокот на Глигуровски. До крајот на полувремето екипата на Гранит продолжи со пресинг игра што во завршницата им донесе целосен резултатски пресврт и водство од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со одлична игра па успеа резултатски да се одвои и да поведе со 1-3, Bestway Solutions се обидуваше и успеа да дојде до само гол негатива. До крајот на натпреварот Гранит успеваше да ја одржува предноста и со одлична поставеност во одбраната не дозволи изненадување за победа во овој дуел со 3-5.