Гранит со пресврт до победа над Телеком

Гранит 7-4(3-4) Македонки Телеком

Гранит: Стефан Тевдовски 20’ Дарко Петровски 20’ Пепи МИцев 39’ Николче Глигуровски 40’ Ристе Бошев 15’ 38’ Александар Димитровски 27’
Македонски Телеком: Стефан Насковски 16’ Гоце Филипов 20’ Џенгис Бекир 4’ 5’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Македонски Телеком, екипата на Телеком имаше одличен старт на овој натпревар со погодоците на Џенгис Бекир во 4та и 5та минута за водство од 0-2. По оваа негатива во раната фаза екипата на Гранит со неколку ротации на играчи се префрли во противничко поле и вршеше жесток притисок со цел да дојде до намалување на негативата, тоа им успеа со погодокот на Бошев во 15та минута. До крајот на полувремето екипата на Гранит со сите сили бркаше израмнување, но екипата на Телеком успеа да ја одржи предноста од еден гол за 3-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со силниот притисок кон голот на Телеком што им донесе израмнување во 27та минута. По ова екипата на Телеком во својот состав внесе голман играч за поторно да ја превземе предноста, но таквата отворена игра ја искористи екипата на Гранит за со брзи контраи да дојде до водство од 7-4 и победа на овој дуел.