УНИКА 7-2(4-2) Киел
УНИКА: Ербин Даци 5” 15” 33”, Фисник Хухиу 7”, Арбен Нухиу 12” 27”, Рони Адеми 28”
Киел: Перица Николовски 16” 19”
Со гол во 5” во реализација на Даци, екипата на УНИКА одлично го започна меѓусебниот дуел со екипата на Киел. Уште од самиот старт УНИКА наметна високо темпо на игра особено во делот на нападот, играјќу брз и отворен фудбал на кој во првата половина од првото полувреме екипата на Киел тешко успеваше да најде против игра. Во таквата игра, до 15” екипата на УНИКА дојде до високо водство од 4-0. Во тие моменти екипата на Киел ја консолидира својата игра, заигра по цврсто во одбраната и со два добро изградени контра напади и два гола во реализација на Николовски, до полувремето успеа да ја намали предноста на УНИКА на 2-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжи во ист ритам онака како што го започна и првото полувреме. Потпирајќи се на своето искуство, вешто и контролирано ги градеше своите акции преку кои доѓаше до отворени шанси за гол. Во ваквата игра екипата на УНИКА успеа од минута во минута да го зголеми своето водство и до 33” стигна до резултат од 7-2. Екипата на Киел се обидувше со шести измени да го прати ритамот на УНИКА, да создаде шанси за гол како би се вратила резултатски во овој натпревар, но УНИКА не дозволи изненадувањеа па на крајот славеше победа со резултат 7-2.