Тивеш 4-3(2-1) Леорон
Тиквеш: Деко Марков 9’ 40’ Лазар Христов 20’ 31’
Леорон: Мухамад Сабра 10’ 35’ Едмонд Мемети 34’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Леорон двете екипи силно мотивирани го започнаа натпреварот. Двете екипи со одлични пробиви често се заканваа кон головите на противникот. Екипата на Тивеш успеа да искористи играч повеќе по груб старт за да реализира преку Марков , но екипата на Леорон имаше брз дговор и преку Сабра во 10та минута успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето се играше цврста игра во која екипата на Тиквеш успеа да поведе со 2-1 со погодокот на Христов резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Тиквеш преку вториот погодок на Христов успеа да зголеми на 3-1, не екипата на Леорон беше силно мотивирана па во 34та минута успеа да намали на 3-2, а кратко потоа да дојде и до израмнување на 3-3 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница Деко Марков успеа во полседната минута од натпреварот да реализира и на својата екипа да и донесе победа со резултат од 4-3.