ТАВ 6-3(3-3) Леорон
ТАВ: Сеат Демири 6” 8” 19” 38”, Јованче Видински 26”, Ивица Продановски 36”
Леорон: Адас Рамадани 9”, Рино Мурати 15”, Ѓорѓи Груевски 16”
Екипата на ТАВ, преку брз и отворен фудбал во предно поле, одлично го отвори на тпреварот во дуелот со екипата на Леорон, и тоа со два погодоци во реализација на Демири до 8” стигна до предност од 2-0. Во тие моменти екипата на Леорон ја консолидира својата игра, го промени тактичко-техничкиот пристап кон натпреварот и сето ова вроди со плод така што со тимска игра до 16” не само што стигна до израмнување туку и до целосен пресврт од 2-3. Но екипата на ТАВ подпорајќи се на своето искуство не подбпадна под притисокот, и на минута пред крајот на првото полувреме, со гол за хет-трик во рализација на вечерва расположениот Демири повторно дојде до израмнување на 3-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со ист ритам. Се играше израмнет фудбал без промени на резултатот се до 26” кога Видински кај ТАВ со шут од далечина постигна гол за водство на својата екипа од 4-3. Екипата на Леорон се обиде со брзи измени и борбена тимска игра по целиот терен да се врати во овој натпревар, но во второто полувреме проработе нападот на ТАВ, и во таквата игра дуото Демири – Продановски до 38” го зголемија водството на ТАВ на високи 6-3 на неполни две минути пред крајот, со што практично ја обезбедија победата на овој натпревар.