А1 3-7(1-4) ТАВ
А1: Дамјан Бачовски 10”, Марко Недески 30” 36”
ТАВ: Ивица Продановски 8” 15”, Сеат Демири 16” 19” 32” 39”, Алмир Имер 34”
Со израмнети сили започна дуелот помеѓу екипите на А1 и ТАВ. И двете екипи натпреварот го започнаа со фокус на стабилната и концентрирана играта во одбраната, користејќи грешки кај противникот како би можеле преку контра напад да создадат отворени шанси за гол. Во ваквата игра прва до гол стигна екипата на ТАВ во 8” преку акција започната како контра напад, во која Продановски и донесе водство на својата екипа од 0-1. Екипата на А1 продолжи со одличната игра, и без да губи време, за неполни две минути игра со гол во реализација на Бачовски 10” израмни на 1-1. Во втората половина од првото полувреме се играше егал фудбал цели пет минути, до моментот во кој кај ТАВ проработе дуото Продановски – Демири кои со два гола во низа до 16” и донесоа водство на ТАВ од 1-3. Екипата на А1 се обиде преку неколку добро изградени контра напади да го загорзи голот на ТАВ, но недостасуваше реализацијата. Во завршните минути од првото полувреме ТАВ ја задржа контролата над играта, и со гол во реализација на Демири 19” на полувремето замина со преднос 1-4.
Во второто полувреме екипире продолжија со егал фудбал, во кој и двете страни успешно ги затвараа приодите кон сопствениот гол, па така цела прва половина од второто полувреме резултатот остана непроменет. Ова се смени во 30” кога Недески кај А1 постигна гол за 2-4 со што резултатски ја прибложи својата екипа до ТАВ, која пак не подпадна под налетот на А1, остана присебна и со контрола врз играта и одлична реализација до 34” стигна повторно до високо водство od 2-6. Во тие моменти А1 изврши притисок во предно поле постигнувајќи гол повторно преку Недески 36” за резултат 3-6, но тоа не беше доволно за пресврт, ТАВ ја задржа предноста и со гол во 39” во реализација на Демири ја загарантира победата во овој натпревар.