Тиквеш 7-13(1-5) Нетцетера
Тиквеш: Деко Марков 12”, Илчо Пауноски 21”, Дамјан Петревски 25” 27” 29”, Делчо Кировски 33” 34”
Нетцетера: Кирил Костов 6” 31” 38”, Ѓорѓи Марков 7”, Евгениј Костадинов 11” 23” 24”, Теодор Димитровски 12” 19” 24” 26” 38” 40”
Со брз и отворен фудбал започна натпреварот помеѓу екипите на Тиквеш и Нетцетера. И двете екипи настапија максимално мотивирани, играјќи контролирани и добро изградени напади како би дошле до отворена шанса за гол. Ова прво им појде од рака на екипата на Нетцетера во 6” преку Костов со што дојдоа до водство од 0-1. За неполна минута на Костов му се приклучи и соиграчот Марков 7” кој со гол го зголеми водството на Нетцетера на 0-2. Екипата на Нетцетера продолжи со одличната игра во предно поле и до средината на првото полувреме со гол во реализација на Костадинов 11” стигна до водство од 3-0. Во тие моменти екипата на Тиквеш заигра нешто децидно во предно поле и во 12” со гол постигнат од страна на Марков се врати резултатски во овој натпревар, но Нетцетера не губеше време и во брз контра напад крунисан со гол во изведба на Димитровски 12” повторно стигна до предност од 3 гола при резултат 1-4. Екипата на Тиквеш се обиде со притисок во предно поле повторно да го загрози голот на Нетцетера, но во тие моменти Димитровски кај Нетцетера искористи празнина во одбраната на Тиквеш и постигна гол за водство од 1-5, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во втората половина и двете екипи продолжија со истo темпо. Екипата на Нетцетера продолжи со својата беспрекорна игра во делот на нападот, во која реализацијата не изостануваше, па така до средината на второто полувреме стигна до двојно вотство од 5-10. Во тие моменти екипата на Тиквеш се чинеше дека најде против игра за вечерва расположената Нетцетера и на 6 минути до крајот на натпреварот стигна до негатива од само три гола, при резултат 7-10, но Нетцетера не подпадна под притисокот кој Тиквеш го наметна, остана приземна и со контролина игра до 40” дојде до побебеда во овој дуел. Конечен резултат 7-13.