
Аџибадем Систина 8-5(4-2) Киел
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 8’ 9’ 13’ 28’ 30’ Боби Мисердовски 2’ 31’ Мартин Зимерковски 36’
Киел: Игор Савевски 32’ Перица Николовски 36’ Александар Ѓорѓиевски 20’ Антонио Ѓорѓиевски 18’ 35’
Одличен почеток за екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Киел, тие уште од самиот старт наметнаа високо темпо на игра кое им донесе рано водство. Екипата на Систина уште во 2та минута со погодокот на Наковски успеа да поведе со 1-0, ова рано водство им даде дополнителнен мотив да притиснат во предно поле и со одлична реализација на Димковски да дојдат до солидно водство од 4-0. Екипата на Киел имаше одлични шанси за намалување на водството во што и делумно успеа но Аџибадем Систина ја зацврсти одбраната па на паузата замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Киел ја подобри играта во нападот имаше одлична завршница и успеа да ја намали разликата. Сепак екипата на Аџибадем Систина искусно ја смири играта и преку контра напади успеваше да реализира.