
А1 2-8(2-2) Макстил
А1: Стефан Петровски 4”, Ненад Трајков 20”
Макстил: Мартин Лазев 8” 26”, Филип Димовски 13” 37” 39”, Сеат Зејадин 25”, Мухамед Исмаиљи 28” 39”
Екипата на А1 одлично го отвори натпреварот со Макситл. Уште во раната фаза преку Петровски успеа да поведе со 1-0, но Макситл за 4 минути преку Лазев го израмни резултатот на 1-1. Се играше егал натпревар се до самиот финиш на првото полувреме кога и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол за резултат 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Макстил играше офанзивно со целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра кога ќе се додаде одличната реализација Макстил ја имаше формулата за успех, со која од минута во минута го зголемуваше водството, кое на крајот изнесуваше 8-2, со која Макстил избори убедлива победа.