Дуото Андов – Лефков го водеше Лукоил до победа во дуелот со Алма М

Алма М 2-7(0-6) Лукоил

Алма М: Мухамет Муртезани 24” 34”
Лукоил: Петар Лефков 3” 7”, Домче Андов 5” 8” 20”, Александар Ѓеорѓиевски 15”, Андреј Симоновски 36”

Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот со екипата на Алма М со три погодоци во раната фаза од натпреварот и тоа реализација на дуото Лефков – Антов, па така до 7” стигна до водство од 0-3. Екипата на Алма М се обиде со по цврста игра во одбраната да ја запре низата на Лукоил, но не успеа во тоа па во 9” Лукоил преку Андов го зголеми водството на 0-4. Во втората половина од првото полувреме екипата на Алма M со пресинг во предно поле користејќи го голманот како голман-играч се обиде резултатски да се врати во овој натпревар, но 15” голманот на Лукоил Ѓеорѓиевски го примети празниот гол на Алма М и ја искористи приликата со дофрлување да го зголеми водството на својата екипа на 0-5. Лукоил го задржа виокиот ритам на играта и со погодок во реализација на Андов во 20” го зголеми водството на 0-6.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Во втората половина од истото екипата на Алма М се обиде со голман-играч да го изненади Лукоил. Во ваквата поставеност успеа да постигне два гола со што ја намали предноста на Лукоил стекната во првото полувреме, но екипата на Лукоил не дозволи изненадување, успеа да ја сочува предноста стекната во првото полувреме и на крајот славеше со резултат од 2-7.