
Стопанска Банка 8-4 (1-2) Атлантик Груп
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 8’; Кристијан Апостоловски 26’, 35’, 37’, 39’; Кристијан Богдановски 25’, 27’, 40’
Атлантик Груп: Валентино Трајковски 5’; Далибор Тасевски 19’, 27’; Благојче Стојановски 40’
Третото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Стопанска Банка и Атлантик Груп, кои уште од самиот почеток влегоа во натпреварот со офанзивна и отворена игра. Атлантик Груп прва го отвори резултатот преку Валентино Трајковски во 5. минута, но Стопанска Банка брзо одговори, па три минути подоцна Дарко Симјановски израмни на 1-1. Во продолжението од првото полувреме, двете екипи играа израмнето и создаваа можности за погодок, но недостигаше посигурна завршница. Стопанска Банка од самиот почеток настапи со голман-играч, со што доби дополнителна опција во нападот, но истовремено остави простор за брзи контранапади на противникот. Атлантик Груп успеа да ја искористи грешката во одбраната на противникот, па Далибор Тасевски во 19. минута донесе ново водство за својата екипа од 2-1, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме, Стопанска Банка ги консолидираше своите редови и започна сè почесто да се заканува кон противничкиот гол. Кристијан Богдановски во 25. минута донесе израмнување на 2-2, а само минута подоцна Кристијан Апостоловски погоди за целосен резултатски пресврт и водство од 3-2. Стопанска Банка продолжи со одличната игра, а Богдановски и Апостоловски ја продолжија гол-серијата и ја зголемија предноста на својата екипа. И покрај обидите на Атлантик Груп да се врати во натпреварот, Стопанска Банка ја задржа контролата и со ефикасна игра во завршницата стигна до убедлива победа од 8-4. Кристијан Апостоловски со четири погодоци и Кристијан Богдановски со три беа клучни за триумфот на Стопанска Банка.
Играч на натпреварот: Кристијан Апостоловски (Стопанска Банка)