Дуото Богдановски – Симјановски ја водеше Стопанска Банка до победа во дуелот со А1

Стопанска Банка 5-2(2-0) A1

Стопанска Банка: Кристијан Богдановски 5” 27” 30”, Дарко Симјановски 11” 22”
A1: Алек Ангелковски 38”, Ненад Трајков 40”

Одличен старт на натпреварот со А1 прикажа екипата на Стопанска Банка, која со гол во 5” во изведба на Богдановски стигна до водство од 1-0. Екипата на А1 играше пресинг по целиот терен претварајќи ја секоја пресечена топка во контра напад како би дошле до отворена шанса за гол. Но Стопанска Банка продолжи со контрола на темпото на играта и со концентрирана игра во делот на нападот во 11” преку Симјановски дојде до водство од 2-0. А1 се обиде со чести замени да го прати темпото кое Стопанска Банка го наметна, и до крајот на првото полуврем еуспешно се бранњше но не успеа да постигне гол, падвете екипи заминаа на клупите со резултат 2-0.
Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка продолжи да игра во ист ритам, со контролирани акции стигнуваше во позиција да шутира кон голот на А1 и во таквата игра реализацијата не изостана па до средината на второто полувреме Стопанска Банка стигна до високо водств оод 5-0. Екипата на А1 независно од резултатот не изгуби морал и играше борбено со притисок во предно поле, обидувајќи се да дојде до изгледна шанса за гол. Тоа им појде од рака по последните две минути кога преку дуото Ангелковски – Трајков го намалија водството на Стопанска Банка на 5-2, но тоа не беше доволно за пресврт, па на крајо Стопанска Банка прослави победа.