Корпа 6-12(1-6) ТАВ
Корпа: Никола Спасовски 4” 30”, Љубомир Трповски 23”, Филип Тодоровски 36” 37”, Кристијан Велковски 36”
ТАВ: Сеат Демири 2” 17” 26” 38” 40”, Ивица Продановски 11”, Алмир Имер 13” 15”, Даниел Симиќ 20”, Јованче Видински 23” 28” 30”
Натпреварот помеѓу екипите на Корпа и ТАВ започна со крајно израмнети сили. И на двете страни се играше цврст и отворен фудбал. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на ТАВ преки Демири 2” кој со маестрален гол му донесе предност на ТАВ од 0-1. Во тие моменти екипата на Корпа заигра во агресивно во делот на нападот и преку Спасовски 4” успеа да го израмни резултатот на 1-1. Во средината од првото полувреме ТАВ успеа преку контра напад и гол во реализација на Продановски 11” да дојде до водство од 1-2 со што ТАВ започна офанзивна серија преку која со одлична реализација успеа од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот од полувремето изнесуваше 1-6.
Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи фуриозно и стигна до маестрални 2-9. Во тие моменти проработе Корпа која со пет гола во низа успеа да фати резултатски приклучок, но немаше доволно сили за целосен презврт па го загуби овој натпревар со 6-12.