
А1 2-9(2-3) Нетцетера
А1: Фати Јахи 13”, Леонид Јандреоски 19”
Нетцетера: Мартин Јовановски 7” 11” 27”, Евгениј Костадинов 14” , Теодор Димитровски 26” 36” 39” 40”, Мирослав Радиќ 38”
Во брз и динамичен ритам дуелот го започнаа екипите на А1 и Нетцетера. И двете екипи настапија мошне мотивирано играјќи борбено по целиот терен, со особен акцент на играта во нападот. Прва до погодок дојде екипата на Нетцетера во 7” со маестрален погодок во реализација на Јовановски. Во 11” повторно Јовановски искористи грешка во одбраната на А1 и постигна гол за водство на Нетцетера од 0-2. Во тие моменти екипата на А1 притисна во предно поле и со гол преку Јахи намали на 1-2. Во понатамошниот дел од првото полувреме и двете екипи продолжија со да играат отворен фудбал, па на полувремето заминаа со резултат 2-3 во полза на Нетцетера.
Во второто полувреме екипата на Нетцетера ја заигра својата препознатлива игра, исполнета со контролирани и тактички изградени акции крунисани со одлична реализација, од минута во минута го зголемуваа водството. Екипата на А1 се обиде со чести измени и борбена игра да го прати ритамот кој Нетцетера го наметна, но не успеа во тоа, вечерва расположениот Димитовски кај Нетцетера постигна четири гола во второто полувреме и со тоа му донесе победа на својот тим од 2-9.