Дуото Димковски-Бошковски и донесоа победа на Аџибадем Систина во дуелот со ТАВ

ТАВ 4-5(2-1) Аџибадем Систина

ТАВ : Алексо Новески 1” 18” 29” , Петар Мартиновски 22”
Аџибадем Систина: Златко Бошковски 3” 40”, Кристијан Димковски 35” 38” 40”

Во исклучително возбудливо и динамично прво полувреме екипите на ТАВ и Аџибадем Систина ги одмерија силите. Екипата на ТАВ го постигна нај брзиот гол оваа сезона кој беше во реализација на Новески, кој за неполни 2 секунди од почтокот успеа да му донесе водство на ТАВ од 1-0. Екипата на Аџибадем Систина по не дели две минути преку Бошковски успеа да изедначи на 1-1. Се играше егал натпревар во текот на целото полувреме, се до самиот финиш кога Новески повторно реализираше за 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на ТАВ играше одлично, пред се во делот на нападот, каде што имаше одлична реализација. Со ваквата игра ТАВ од минута во минута го зголемуваше водството кое во 29” изнесуваше 4-1. Во тие моменти кај Гледајте го во живо натпреварот помеѓу екипите на ТАВ и Аџибадем Систина проработе Димковски кој со хет-трик успеа да го израмни резултатот. Во самиот финиш на Димковски му се приклучи Бошковски кој даде гол за победа од 4-5.