Дуото Димковски Зимеркоски ја водеа Аџибадем Систина до победа над Матрикс

Аџибадем Систина 9-2(4-1) Матрикс

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 13’ 19’ 21’ 25’ Далибор Дамјановиќ 5’ Мартин Зимеркоски 14’ 23’ 24’ 27’
Матрикс: Даниел Боневски 28’ Даниел Крстевски 12’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и Матрикс, двете екипи влегоа во овој дуел силно мотивнирани од самиот почеток. Екипата на Систина беше таа која прва го отвори резултатот во 5та минута со погодокот на Дамјановиќ. Екипата на Аџибадем Систина продолжи со силен притисок во прено поле но со ваквата игра заборави на отбраната што Матрикс го искористи за израмнување на резултатот на 1-1 во 12та минута преку погодокот на Крстевски. Сепак до крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина имаше одлична завршница на првото полувреме и со одлична реализација успеа да створи солидна предност од 4-1 на паузата. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи во одличен ритам и од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на Матрикс денеска во скратен состав не можеше да најде решение за расположената екипа на Систина. До крајот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина успеа да дојде до победата на овој натпревар со убедлив резултат од 9-2.