Макстил 7-4(4-1) Аџибадем Систина
Макстил: Бурхан Етемов 11”, Александар Божинов 16” 35”, Мухамед Исмаиљи 19” 20” 33”, Мартин Блажевски 36”
Аџибадем Систина: Диме Стевсковски 1” 27” 37”, Игор Ѓорѓиевски 31”
Одличен старт натпреварот имаше екипата на Аџибадем Систина во дуелот со екипата на Макситл, постигнувајќи гол во раната фаза од првото полувреме, уште во првата минута, преку Стевковски, за рано водство од 0-1. Екипата на Макстил се обидуваше преку добро поставена игра во делот на нападот да го израмни резултатот. Тоа им појде од рака во 11” кога со гол во реализација на Етемов дојде до израмнување од 1-1. Во понатамошниот дел од првото полувреме, екипата на Макстил продолжи со одличната игра во делот на нападот на која не изостануваше реализацијата. Во таквата игра до 20”, Екипата на Макстил, преку дуото Божинов – Исмаиљи, стигна до убедлива предност од 4-1, резултат со кои се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжиа во ист ритам, играјќи брз и отворен фудбал. Во 27” Стевковски кај екипата на Аџибадем Систина искористи пропуст во комуникацијата на одбраната на Макстил и со вешто изведен лоб постигна гол за својата екипа, намалувајќи ја предноста на Макстил на 2-4. Во втората половина од второто полувреме и двете екипи продолжија со брзата и диниамична игра, проследен со отворен фудбал со акцент на играта во нападот. Во ваквата игра и двете екипи ефикасно стигнуваа то отворена шанса за гол, и ваквите прилики ги претвараа во погодоци, но екипата на Макстил не дозволи да ја загуби стекнатата предност во првото полувреме и на крајот славеше со резултат 7-4.