
Glass LUX 8-2(4-2) Транском
Glass LUX: Далибор Костовски 6” 15” 18” 40”, Филип Стајковиќ 7” 37, Панче Чипов 28”, Давид Блажевски 32”
Транском : Марко Недески 16”, Марио Јуканаев 19”
Екипата на Glass LUX уште на самиот старт во дуелот со Транском влезе со максимално зериозен пристап. Во текот на целото прво полувреме екипата на Glass LUX играше отворен фудбал обидувајќи се со чести измени да држи висок ритам во делот на нападот. На ваквата игра Glass LUX додаде и одлична реализација која од минута во минута му носеше резултатска предност. Екипата на Транском се обидуваше да фати ритам како би имала резултатски приклучок но Glass LUX не дозволи такво нешто па на полувремето отиде со предност од 4:2.
Во второто полувреме екипата на Транском со чести измени се обиде да наметне своја игра со што би ја анулирала предноста која Glass LUX ја стекна во првото полувреме, но Glass LUX имаше своја вечер, не дозволи изненадување па на крајот славеше со високи 8:2.