Дуото Левков – Стојчев со маестрална игра го водеа Лукоил до победа над ТАВ

Лукоил 6-2(3-1) ТАВ

Лукоил: Иван Стојчев 10’ 18’ Петар Лефков 19’ 30’ 32’ 37’
ТАВ: Алексо Новески 28’ Еркан Шабани 15’

Цврсто и динамично прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и ТАВ, двете екипи со точни додавања и добро изградени акции се обидуваа да дојдат до отворена позиција за погодок. Како минуваше времето екипата на Лукоил се почесто се закануваше кон голот на ТАВ но имаше слаба реализација. Екипата на Лукоил преку Стојчев од слободен удар со одличне погодок го отвори резултатот во 10та минута и поведе со 1-0, но екипата на ТАВ успеа да ги консолидира своите редови и преку Шабани во 15та минута да дојде до израмнување. Во завршната фаза на полувремето Стојчев успеа повторно да го изненади голманот на ТАВ и да и донесе предност на екипата на Лукоил од 2-1, на него му се приклучи и Лефков за предност од 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме и двете екипи играа доста цврсто во одбраната старотвите на двете страни беа на ивица на фаул, во ваквата игра Новески во 28та минута успеа да намали на 3-2. Екипата на Лукоил набрзо ги консолидира своите редови па преку вечерва маестралниот Левков кој постигна два гола за враќање на предноста на 5-2. По груб старт екипата на ТАВ остана со играч помалце па ова го искористи Лукоил и повторно преку Левков го зголеми водството на 6-2. Екипата на ТАВ иако натпреварот го продолжи со голман играч не успеа да постигне гол за намалување на предноста па го загуби овој натпревар со 6-2.