
LC Waikiki 9-3(5-0) Тиквеш
LC Waikiki: Мустафа Мустафа 16’ 30’ Фуркан Фетаи 3’ 8’ 25’ Амар Адеми 39’ Есер Сулејмани 2’ 20’ Амир Идризи 38’
Тиквеш: Дамјан Петревски 21’ 28’ Амар Елмази 24’
Одличен почеток за екипата на LC Waikiki во дуелот со Тиквеш, тие уште на самиот старт наметнаа високо темпо и со офанзивна игра успеаа да дојдат до рано водство со погодокот на Сулејмани во 2та минута на кој му се прилучи и Фетаи за зголемување на водството на 2-0 во 3та минута. По оваа негатива екипата на Тиквеш започна да врши притисок кон противничкиот гол и се почесто се закануваше но противникот одлично ја постави својата одбрана и не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш не успеа да ја најде својата игра па екипата на LC Waikiki успеа да ја зголеми предноста и на паузата да замина со предност од 5-0. Во второто полувреме екипата на Тиквеш дојде до брз погодок на самиот старт на полувремето преку Петревски што им даде дополнителен мотив, но екипата на LC Waikiki беше сигурна во одбраната и не дозволуваше пресврт. Кај екипата на LC Waikiki проработе дуото Мустафа – Фетаи кои имаа своја вечер и на својата екипа и донесоа победа со резултат од 9-3.