УНИКА 10-5(4-2) МРТ
УНИКА: Ербин Даци 7” 11” 22” 25” 34”, Аднан Лимани 9”, Арбен Нухиу 19” 23” 24”, Фисник Нухиу 39”
МРТ: Александар Атанасов 14” 28”, Денис Селкович 16” 40”, Ведран Јовановски 37”
Одлично прво полувреме одигра екипата на УНИКА во дуелот со МРТ, прикажувајќи офанзивна игра наметна брзо темпо уште од самиот старт. Со ваквата игра УНИКА го отвори натпреварот во 7” со гол во реализација на Даци, на кого за неполни две минути во листата на стрелците му се придружи соиграчот Лимани 9” за водство на УНИКА од 2-0. Одличната реализација на Даци во 11” и донесе водство на УНИКА од 3-0. Во тие моменти екипата на МРТ ги консолидира своите редови и стави поголем акцент на играта во нападот, пристап кој вроди со плод, така што до 16” дуото Атанасов – Селкович резултатски ја вратија МРТ во игра при резултат 3-2. Во самиот крај од првото полувреме Нухиу постигна гол за УНИКА со што повторно резултатски се одвои со предност 4-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжиу во ист ритам . Дуото Нухиу – Даци продолжи со одличната игра. Во ваквата игра ова дуо имаше одлична реализација и не му дозволи на МРТ резултатски да се доближи. УНИКА играше офанизвно недозволувајќи изненадување па на крајот славеше со резултат 10-7.