УНИКА 5-2(3-2) Алкалоид
УНИКА: Ербин Даци 2” 35”, Фисник Нухију 4” 39”, Беким Љута 10”
Алкалоид: Антонијо Максимовски 5”, Бојан Ристевски 14”
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и Алкалоид. Прва до водство дојде екипата на УНИКА преку дуото Нухију-Даци кои имаа одлична реализација и и донесоа предност на УНИКА од 2-0, но за неполна минута Максимовски кај Алкалоид успеа да постигне гол со кој намали на 2-1. На средина на првото полувреме Љута постигна гол со кој и донесе водство на УНИКА од 3-1, но Алкалоид со гол во 14” во реализација на Ристовски не дозволи на УНИКА резултатски да се одлепи па намали на 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжи со одличната игра во предно поле, и со два гола повторно во реализација дуото Нухију-Даци стигна до предност од 5-2. Алкалоид се обиде во во неколку наврати преку брзо контра напади да му запрети на голот на УНИКА, но немаше реализација, па на крајот УНИКА славеше победа со резултат 5-2.