А1 1-9(0-3) Тиквеш
А1: Марко Недески 36”
Тиквеш: Деко Марков 8”, Делчо Кировски 10” 35”, Александар Ристевски 18”, Дамјан Петревски 22” 24” 33”, Илчо Пауновски 29”, Ервин Ризаов 40”
Натпреварот помеѓу екипите на А1 и Тиквеш започна во брз ритам. И двете екипи прикажаа одличен фудбал, играјќи смело особено во делот на нападот. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на Тиквеш која во 8” со гол во реализација на Марков дојде до предност од 0-1. За неполни две минути Кировски кај Тиквеш се приклучи на својот соиграч во листата на стрелците со гол за водство на Тиквеш од 0-2. Во тие моменти екипата на А1 го консолидира својот заден ред и заигра по цврсто во делот на одбраната, па во продолжение на првото полувреме се играше егал натпревар. Ова се промени во 18” кога голманот на Тиквеш, Ристевски, со шут од далечина му донесе водство на својот тим од 0-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. До 24та минута екипата на Тиквеш со два гола во реализација на Петровски успеа да стигне до предност од 0-5 и со тоа значиотелно резултатски да се одвои од А1. Во тие моменти А1 заигра нешто по офанзивен фудбал и стави ставајќи акцент на играта во нападот. Во таквата игра, Пауновски кај Тиквеш ја искористи празнината во дбраната на А1 и постигна гол за водство на својата екипа од 0-6. Во 36” грешка од страна на одбраната на Тиквеш и игра со рака, досуден пенал беше пенал во полза на А1, кој Недевски вешто го искористи и и донесе гол на својат екипа при резултат 1-7, но во понатамошниот дел од натпреварот Тиквеш продолжи со својата препознатлива игра и одлична реализација, па на крајот славеше со високи 1-9.