Дуото Станковски-Тодоровски го водеше Кромберг и Шуберт до победа во дуелот со А1

А1 3-8(0-4) Кромберг и Шуберт

А1: Иван Митревски 22” 24”, Фати Јахи 38”
Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 11”, Ристе Станковски 16” 27” 29”, Салим Сулемани 18”, Давор Jовановски 19”, Милан Тодоровски 25” 26”

Со егал фудбал започна натпреварот помеѓу екипите на А1 и Кромберг и Шуберт. И двете екипи во овој дуел влегоа мошне мотивирано, со изразен акцент на играта во одбраната, па така и двете екипи успешно ги бранеа мрежичките на своите голови цели 11 минути. Во тие моменти екипата на Кромберг и Шуберт стигна до првиот на овој натпревар, во реализација на Јовановиќ 11”, за водство од на Кромберг и Шуберт 0-1. Во 16” на Јовановиќ му се приклучи својот соиграч Станковски со погодок за водство на Кромберг и Шуберт од 0-2. А1 се обиде со тајмаут да направи техничко-тактички промени во својата игра и да да го запре темпото на Кромберг и Шуберт но не успеа во тоа, па до крајот на првото полувреме Кромберг и Шуберт го зголеми водството на 0-4.
Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт преку дуото Станковски-Тодоровски успеа да го подигне нивото на игра и да го зголеми водството. Екипата на А1 со притисок ов предно поле се обидуваше да се врати во натпреварот но Кромберг и Шуберт не подлегна на притисокот, го задржа својот ритам на игра, и на крајот славеше со победа од 3-8.