Дуото Стевковски-Јовчевски и ја донесоа победата на Аџибадем Систина во дуелот со УНИКА

Аџибадем Систина 7-4(3-3) УНИКА

Аџибадем Систина: Диме Стевковски 12’ 18’ 26’ 26’ 40’ Дамјан Јовчевски 13’ 25’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 37′ Беким Љута 19’ Енес Ариф 6’ 18’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и УНИКА, натпреварот го отвори екипата на УНИКА со погодок во раната фаза од полувремето. По ова рано водство на УНИКА екипата на Систина ги консолидира своите редови и со два погодоци во низа успеа да дојде до целосен резултатски пресврт, а потоа и зголемување на водството на 3-1. Но до крајот на полувремето екипата на УНИКА успеа да се врати во натпреварот и до паузата да израмни на 3-3. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина повторно со три погодоци во низа два на Стевковски и еден на Јовчевски успеа да дојде до водство од 6-3. Ова ја примора екипата на УНИКА да го подигне темпото на игра и со поофанзивна игра да се обиде да се врати во натпреварот, но Аџибадем Систина ја сочува предноста и на крајот славеше со 7-4.