Дуото Трпковски-Кировски ја носеа Пивара Скопје до победа над Сава Осигурување

Пивара Скопје 8-5(4-1) Сава Осигурување

Пивара Скопје: Делчо Кировски 14’ 17’ 24’ Влатко Трпковски 5’ 28’ 37’ 39’ Александар Алексов 6’
Сава Осигурување: Решат Рахмани 19’ 26’ 40’ 40’ Коста Глигуровски 23’

Натпреварот помеѓу екипите на Пивара Скопје и Сава Осигурување го отвори екипата на Пивара Скопје преку погодокот на трпковски во раната фаза од натпреварот во 5та минута постигна погодок за 1-0 на кој по не цела минута му се придружи Алексов и го зголеми водството на 2-0. Екипата на Сава Осигурување со чести измени се обидуваше да најде против игра како би можела резултатски да се доближи. До полувремето Кироски кај Пивара постигна два гола и донесе водство од 4-0, на самиот финиш од полувремето Рахмани кај Сава Осигурување постигна погодок за намалување на водството на 4-1. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување преку Рахмани и Глигуровски се обиде да се врати во натпреварот но Пивара Скопје со чести измени го држеше ритамот и водството кое го стекна во првото полувреме го зголемуваше за победа на овој натпревар со 8-5.