
Тиквеш 5-10(2-5) Алма М
Тиквеш: Дамјан Петревски 8’ 25’ Златко Георгиевски 37’ Александар Ристевски 22’ Лазар Христов 4’
Алма М: Ридван Мустафи 25’ 35’ Абдула Фера 3’ 18’ 27’ 37’ Мухамед Муртезани 12’ 14’ 34’ Јетмир Арифовиќ 11’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Алма М, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар и атакуваа на бодовите. Екипата на Алма М го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на Фера. Екипата на Тиквеш брзо возврати искористи грешка на противникот и преку Христов израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Алма М го подигаше темпото на игра и успеа да створи солидна резултатска предност. Екипата на Тиквеш не успеваше да најде против игра за Алма М па на паузата замина со негатива од 2-5. Во второто полувреме екипата на Тиквеш се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот, но противникот со брзи контра напади успеваше да ја зголемува предноста. До крајот на натпреварот екипата на Алма М со одлично поставена одбрана ја сочува предноста па на крајот од овој дуел славеше со 5-10.