Дуото Нухиу – Даци ја водеа УНИКА до победа во дуелот со Леорон

УНИКА 16-5(6-3) Леорон

УНИКА: Фисник Нухиу 1” 9” 18” 26” 35” 36”, Ербин Даци 2” 9” 11” 22” 23” 24” 32” 37” 37” 40”
Леорон: Марко Вигневиќ 4” 17”, Мохамад Сабра 5”, Едмонд Мети 27”, Ѓорѓи Груевски 31”

Со два гола буквално во првата минута од натрпеварот екипата на УНИКА приреди феноменален почеток во дуелот со Леорон. И двете екипи играа брз фудбал, со бројни проигрувања и контра напади по должина на целиот терен. Екипата на Леорон остана присебна и со контролирана игра во предно поле во до 5” преку дуото Вигневиќ – Сабра дојде до израмнување од 2-2. УНИКА продолжи со фудбал во кој акцентот беше ставен на играта во предно поле и тоа вроди со плод па до средината на првото полувреме поведе со резултат 5-2. Во 17” Вигневиќ кај Леорон искористи одличен соло контра напад и со гол резултатски ја приближи својата екипа до Нетцетера при резултат 3-5. По не цела минута игра Нухиу кај УНИКА возврати за 3-6, резултат со кој се отиде на полувремето.
И двете екипи второто полувреме го започнаа во исто темпо, играјќи отворен фудбал. УНИКА играше со поголема концентрација во задните редови и успешно се бранеше од бројните напади на Леорон. Истовремено кај УНИКА реализцијата беше на врзно ниво и во таквата игра до средината на второто полувреме стигна до двоја предност од 10-5. Леорон се обидуваше со чести замени од клупата да го прати темпото кое УНИКА го наметна но не јаде соодветна против игра за вечерва расположеното дуо Нухиу – Даци, кои меѓу себе вечерва постигнаа 16 голови за сигурна победа на УНИКА во овој дуел.