ЕВН го идржа притисокот и славеше над Нетцетера

ЕВН 4-3(4-2) Нетцетера

ЕВН: Томи Илиевски 14’ Ајет Новобрдалија 8’ 20’ Бојан Тодоровски 13’
Нетцетера: Ѓорѓи Марков 17’ Филип Савевски 6’ Кирил Костов 27’

Одлично прво полувреме прикажаа екипите на ЕВН и Нетцетера, двете екипи настапија со отворена игра и офанзивна игра. Екипата на Нетцетера имаше одличен почеток и со погодокот на Савевски успеа да поведе со 0-1, но екипата на ЕВН имаше брз одговор и со погодокот на Новобрдалија успеа да израмни на 1-1. Екипата на ЕВН продолжи со силен притисок и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт во 13та минута од полувремето со погодокот на Тодоровски. ДО крајот на полувремето двете екипи прикажаа одлична игра на теренот но резултатската предност беше на страната на ЕВН кои на полувремето заминаа со резултат од 4-2. Во втрото полувреме екипата на Нетцетера во своите редови внесе голман играч со цел да дојде до израмнување на резултатот, ваквата тактика вроди со плод па во 27та минута дојдоа на само еден гол негатива при резултат од 4-3. Ова дополнително ја мотивира екипата на Нетцетера која во завршницата на натпреварот започна со силен притисок кон голот на ЕВН. Екипата на ЕВН со одлична игра во одбраната успеа да го изржи притисокот на Нетцетера и на крајот од овој дуел да слави со 4-3.