ЕВН преку колективна игра до победа над Уни Банка

ЕВН 8-3(4-1) Уни Банка

ЕВН: Бојан Симоновски 37’ Дарко Стоилевски 4’ 7’ Вилијам Митев 38’ Наум Бадаловски 19’ 32’ Бојан Тодоровски 17’ 24’
Уни Банка: Марко Ташков 34’ 40’ Кристијан Смилевски 18’

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Уни Банка, екипата на ЕВН на стартот на полувремето влезе офанзивно и уште во 4та минута преку голот на Стоилевски го отворија резултатот со 1-0. Екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и успеа да дојде до солидно водство од 3-0, екипата на Уни Банка во финишот од полувремето со одличниот погодок на Кузинаков успеа да намали на 3-1. Сепак до полувремето екипата на ЕВН успеа повторно да реализира за предност од 4-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на Уни Банка играше без измена што се одрази врз нивната игра, сепак во финишот од натпреварот успеаа да постигнат два гола за ублажување на поразот со 8-3.