ЕВН со контролиран напад до победа над Аптив

Аптив 4-8(1-5) ЕВН

Аптив: Александар Марковски 25’ Иле Трајковски 34’ Владимир Јовановски 20’ Ален Даутовски 16’
ЕВН: Вилијам Митев 21’ Ајет Новобрдалија 13’ 16’ 36’ Наум Бадаловски 5’ Бојан Тодоровски 10’ 37’ Хамза Јашари 18’

Шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Аптив и ЕВН. Екипата на ЕВН одлично го отвори овој натпревар со сигурна и цврста игра што им донесе предност во раната фаза од полувремето поточно во 5та минута со погодокот на Бадаловски. Екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и успеа да створи солидна предност од 0-4 до 16та минута од полувремето. Екипата на Аптив се обиде со поофанзивна игра што донесе резултат и успеаа да реализираат за 1-4 со погодокот на Даутовски. Но до паузата екипата на ЕВН имаше подобра игра па замина на полувремето со 1-5. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одлична игра, но екипата на Аптив со константно покачување на темпото успеа да резултатски да се доближи и да дојде до само два гола негатива. Сепак екипата на ЕВН успеа да го издржи притисокот кој го вршеше Аптив да искористи грешки во одбраната за зголемување на водството и да слави во овој дуел со 4-8