ЕВН со одлично второ полувреме до победа над Корпа

ЕВН 7-1(2-1) Корпа

ЕВН: Никола Атанасов 2” 29”, Наум Бадаловски 15”, Дарко Стоилевски 23”, Бојан Тодоровски 32”, Бојан Симоновски 37”, Филип Огненовски 40”
Корпа: Никола Спасевски 20”

Крајно израмнтео прво полувреме одиграа екипите на ЕВ и Корпа. И на двете страни беше ставен целосен акцент ана играта во одбраната. Во раната фаза од натпреварот 2” Атанасов му донесе предност на ЕВН од 1-0. Екипата на Корпа со притисок во предно поле се обидуваше да го израмни резултатот, но Бадаловски преку контра напад успеа да постигне гол за 2-0. Во самиот финип од полувремето Спасевски кај Корпа намали на 2-1. Резултат со кој се отиде на полувремето.
На самиот старт од второто полувреме, уште во раната фаза ЕВН успеа резултатски да се одвои. Екипата на Корпа со голман Играч се обиде да ја анулира предноста што ја стекна ЕВН, но потпирајќи се на своето искуство екипата на ЕВН не дозволи такво нешто па го доби овој натпревар со 7-1.