ЕВН со одлично второ полувреме до победа над КИЕЛ

Киел 0-3(0-0) ЕВН

ЕВН: Хамза Јашари 34’ Бојан Тодоровски 29’ Бојан Симоновски 39’

Екипата на ЕВН го започна натпреварот против екипата на Киел со голман играч во своите редови и офанзивна игра. Двете екипи во ова прво полувреме беа израмнети, со цврста и сигурна игра се обидуваа да дојдат до изглени шанси за погодок. Двете екипи имаа одлични шански за реализација но голманите беа на ниво на задачата па до полувремето мрежите мируваа. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра двете екипи го подигаа темпото на игра како одминуваше времето. Екипата на ЕВН успеа во 29та минута да искористи грешка во одбраната на Киел и да поведе со 0-1. Ова водство им даде дополнителен мотив па екипата на ЕВН успеа да ја зголеми својата предност. Екипата на Киел не успеа да дојде до до изгледни позиции за да ја нулира резултатската негатива. Екипата на ЕВН на крајот од овој дуел славеше со резултат од 0-3.