ЕВН со пресврт до победа над Тиквеш

ЕВН 8-7(4-5) Тиквеш

ЕВН: Виктор Валканчев 9’ Томи Илиевски 31’ Бојан СИмоновски 18’ 39’ ајет Новобрдарија 18’ 19’ Бојан Тодоровски 29’ 35’
Тиквеш: Стефан Ѓалевски 3’ Деко Марков 16’ 30’ Филип Велјановски 8’ 34’ Гоце Ивановски 4’ 18’

Одличен старт за екипата на Тиквеш во дуелот со ЕВН, тие уште од самиот почеток ја превземаа иницијативата во овој натпревар и со брзи акции успеаа до 8та минута да направи солидно водство до 0-3. Екипата на ЕВН по ова рано водство на Тиквеш се префрли на протиничка половина и до 18та минута успеа да дојде до израмнување на 4-4. Во финишот од полувремето двете екипи имаа одлични шанси за погодок, а екипата на Тиквеш успеа да реализира погодок за водство на полувреме од 4-5. Во второто полувреме екипата на ЕВН со сите сили притисна кон противничкиот гол , но екипата на Тиквеш одлично ја имаше поставено својата одбрана се до 28та минута кога ЕВН успеа повторно да го израмни резултатот. Во остатокот од полувремето се играше гол за гол се до 39та минута кога ЕВН искористи грешка во одбраната на Тиквеш за водство од 8-7 резултат со која заврши овој дуел.