
ЕВН 6-2(4-2) Македонија Осигурување
ЕВН: Бојан СИмоновски 12’ Хамза Јашари 16’ 30’ Вилијам Митев 14’ Ајет Новобрдалија 17’ Виктор Валканчев 29’
Македонија Осигурување: Кристијан Коцев 6’ Бојан Ристовски 19’
Интересно и динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Македонија Осигурување. ЕВН прва ја презеде иницијативата и често се закануваше кон противничкиот гол, додека Македонија Осигурување се обидуваше да ја искористи брзината во контранападите. Таквиот пристап им донесе резултат на гостите уште во 6. минута, кога Кристијан Коцев погоди за водство од 0-1. Примениот гол дополнително го мотивираше ЕВН, кој продолжи со силен притисок и успеа да ја скрши противничката одбрана. Во 12. минута Бојан Симоновски го израмни резултатот, а само две минути подоцна Вилијам Митев донесе целосен пресврт за водство од 2-1. ЕВН продолжи во ист ритам, па со погодоците на Хамза Јашари и Ајет Новобрдалија ја зголеми предноста на 4-1. Македонија Осигурување, сепак, не се предаде и во завршницата на првото полувреме преку Бојан Ристовски успеа да намали на 4-2, резултат со кој екипите заминаа на пауза. Во второто полувреме ЕВН продолжи со организирана и сигурна игра, одлично ја постави одбраната и не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот. Македонија Осигурување се обидуваше да ја намали негативата, но недостасуваше ефикасност во завршницата. ЕВН знаеше како да ја искористи својата предност, па во 29. минута Виктор Валканчев зголеми на 5-2, а една минута подоцна Хамза Јашари со својот втор погодок на натпреварот го постави конечниот резултат од 6-2. Со тимска игра, добра реализација и сигурна одбрана, ЕВН заслужено стигна до победата.
Играч на натпреварот: Хамза Јашари (ЕВН)