Екипата на УНИКА со одлично второ полувреме до победа над НЛБ Банка

НЛБ Банка 2-5(1-1) УНИКА

НЛБ Банка: Филип Блажевски 10”, Стефан Георгиев 40”
УНИКА: Шабан Чупи 17”, Арбен Нухиу 22” 39”, Донард Бајрами 26” 27”

Екипите на НЛБ Банка и УНИКА овој натпревар го започнаа со цврста одбрана, обидувајќи се на двете страни да ги затворат приодите кон голот. До средината на полувремето се играше нешто по затворен фудбал. И двете екипи тешко доаѓаа до отворена шанса за гол. Екипата на НЛБ Банка, искористи брз контра напад и прва дојде до погодок во 10” преку Блажевски. По првиот примен гол, екипата на УНИКА повика тајм-аут по што го промени својот пристап кон овој дуел, па во 17” Чупи кај УНИКА израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на УНИКА пристапи со далеку по отворен фудбал што резултираше со 3 постигнати погодоци во првата половина од второто полувреме, режија на дуото Нухиу-Бајрами. Екипата на НЛБ Банка се обиде да се врати во овој натпревар но за жал не реализираа неколку изгледни шанси за гол, па во 39” Нухиу повторно реализира погодок за водство на УНИКА од 5-1. Во самиот финиш од овој натпревар, 40” Георгиев го ублажи дефицитот на НЛБ Банка, но тоа не беше доволно, конечен резултат 2-5.