
ТАВ 2-2(2-2) LC Waikiki
ТАВ: Петар Мартиновски 19”, Тодорче Насковски 20”
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 10” 11”
Дуелот помеѓу екипите на ТАВ и LC Waikiki започна во брз ритам. Помогнати од широкиот ростер на клупите, и двете екипи наметнаа динамичент тек на играта уште на самиот почеток. И на двете страни нагласена беше цврстата игра во одбраната па така до средината на првото полувреме се играше егал натрпевар. Тоа се промени кога кај LC Waikiki проработе Фуркан Фетаи кој со два последувателни 10” и 11” и донесе на водство на својата екипа од 0-2. Екипата на ТАВ повика тајмаут по кој го промени својот техничко-тактички пристап во натпреварот . Ова вроди со плод на самиот крај од првото полувреме кога дуото Мартиновски – Насков постигна два погодоци со кои го израмни резултатот на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи се фокусираа на играта во одбраната и се обидоа максимално да ги затворат приодите кон својот гол. Ваквата игра и двете екипи ја практикуваа во текот на целото второ полувреме со што тешко се доаѓаше до отворени шанси за гол. Се играше крајно израмнето се до самиот финиш кога и двете екипи не успеаа да реализираат по неколку отворени шанси за гол. Ниедна од екипите не успеа да постигне гол за победа па на крајот ги поделија бодовите со конечен резултат 2-2.