
ЕЛЕМ 6-4 (5-4) ЈСП
ЕЛЕМ: Антонио Нечевски 16’ Синиша Ковачевиќ 9’ Тихомир Груевски 2’ 6’ 38’ Ледрон Кадриу 8’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 4’ 17’ Тихо Фидановски 2’ 19’
Одличен почеток за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со ЈСП тие уште во втората минута од натпреварот го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Екипата на ЈСП имаше брз одговор и уште во истата минута успеа да израмни на 1-1. Натпреварот продолжи во висок ритам и со отворена игра што донесе многу голови во раната фаза. Екипата на ЕЛЕМ дојде до повторна резултатска предност, а до 16та минута успеаа да дојдат до резултат од 5-2. Екипата на ЈСП по оваа негатива успеа да ги консолидира своите редови и од минута во минута да ја намалува разликата. На полувремето екипата на ЕЛЕМ замина со предност од само еден гол при резултат од 5-4. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и под диригентската палка на Калиноски се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да ги одбие налетите на противникот и сочува својата мрежа. Како одминуваше времето се подигаше темпото на игра што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма, екипата на ЈСП во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот. Екипата на ЕЛЕМ успеа да ја сочува својата мрежа, а по грешка на противникот успеа и да ја зголеми предноста за победа во овој дуел со 6-4