
ЕЛЕМ 6-6(4-3) Кромберг & Шуберт
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 17’ Душан Спасеновски 14’ 28’ Тихомир Груевски 7’ Дони Кадриу 27’ Владе Јанакиевски 19’
Кромберг & Шуберт: Александар крстевски 9’ Иве Трифуновски 11’ 26’ 28’ 30’ Дарко Котевски 16’
Интересно прво полувреме прикажаа екипите на ЕЛЕМ и Кромберг & Шуберт, двете екипи од самиот старт влегоа со динамична и отворена игра. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот со погодокот на Груевски во 7та минута за водство од 1-0, екипата на Кромберг & Шуберт имаше брз одговор па во 9та минута успеа со погодокот на Крстевски да израмни на 1-1. Во втората половина на полувремето екипите продолжија со динамична игра, со одлична реализација на двете страни ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Екипата на ЕЛЕМ на паузата успеа да замине со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме се продолжи со егал натпревар екипите се менуваа во водството се играше гол за гол. Во завршницата на натпреварот се влезе со израмнет резултат од 6-6 што го направи крајот на овој натпревевар вистинска драма. Во ваквата завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 6-6.