ЕЛЕМ немаше сили за пресврт во дуелот со ТАВ

ТАВ 4-3(3-1) ЕЛЕМ

ТАВ: Јованче Видински 6’ 18’ 29’ Алексо Новески 3’
ЕЛЕМ: Илир Елмазовски 17’ Тихо Груевски 35’ Пеце Пецаковски 33’

Одличен почеток за екипата на ТАВ во дуелот со ЕЛЕМ, тие уште од самиот почеток на натпреварот наметнаа високо темпо на игра што им донесе рано водство во 3та минута од полувремето со погодокот на Новевски. На Новески му се приклучи и Видински во 6та минута од полувремето за зголемување на водството на ТАВ на 2-0. Екипата на ЕЛЕМ направи тактички измени во својот состав и започнаа со поотворена и офанзивна игра што им донесе неколку одлични шанси кои голманот на ТАВ успеа да ги прочита и да не дозволи намалување на разликата. Во 15та минута од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа конечно да ја пробие одбраната на ТАВ и преку погодокот на Елмазовски да намали на 2-1. До полувремето екипата на ЕЛЕМ продолжи со силен притисок кон голот на ТАВ но отворената игра ја искористи противникот за преку брз контра напад да го зголеми водството на 3-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ во својот состав внесе голман играч со цел да дојде по поволна позиција и да успее да ја намали разликата на ТАВ. Екипата на ЕЛЕМ во завршницата од второто полувреме ја зацврсти својата игра и со одлично скроени напади почна да ја топи предноста на ТАВ. ЕЛЕМ преку Пецаковски и Груевски успеа да дојде до само гол негатива на 5 минути до крајот од натпреварот. Сепак во ваквата динамична завршница екипата на ЕЛЕМ остана со играч помалце што ТАВ го искористи да ја одбрани позитивата и да ја сочува предноста, па на крајот ТАВ славеше со 4-3.