ЕЛЕМ 6-3(4-1) Киел
ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 12’ Тихомир Груевски 34’ Шкиприм Руфати 16’ 17’ 18’ 24’
Киел: Душко Димитријевски 8’ 21’ Синиша Николовски 40’
Седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Киел. Екипата на Киел имаше одличен старт во првото полувреме и прва поведе во овој дуел, по оваа негатива екипата на ЕЛЕМ ги консолидираше своите редови и со голман играч успеа да створи вишок во нападот за израмнување од 1-1 во 12та минута. Ваквата тактика се покажа како успешна за екипата на ЕЛЕМ кои во 16та минута дојдоа до целосен ресултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата ЕЛЕМ имаше контролата врз резултатот па на паузата замина со предност од 4-1. Во второто полувреме се продоложи со одлична игра екипата на Киел иако имаше одлични шанси за реализација голманот на ЕЛЕМ беше на ниво на задачата и не дозволуваше лесни погодоци. Екипата на Киел во завршницата на натпреварот успеа да ја намали резултатската негатива, но не и да ја стопи предноста на ЕЛЕМ кои на крајот од овој дуел славеше со 6-3.