ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над ЕВН

ЕЛЕМ 8-4(3-2) ЕВН

ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 8’ 20’ 24’ Шкиприм Руфати 17’ 34’ 40’ Тихо Груевски 22’ Пеце Соколески 35’
ЕВН: Ајет Новобрдалија 6’ 10’ Дарко Стоилевски 28’ Хамза Јашари 35’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и ЕВН, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипата на ЕВН прва го отвори резултатот во раната фаза од натпреварот , но ЕЛЕМ имаше брз одговор и успеа да ја нулира резултатската предност и израмни на 1-1. Екипата на ЕВН успеа повторно да поведе со резултат од 1-2, но ЕЛЕМ одлично ја постави играта со чести ротации одржуваше високо темпо на игра што им донесе одличен резултат и целосен резултатски пресврт и водство од 3-2 на полувремето. Екипата на ЕЛЕМ во второто полувреме продолжи со високо темпо на игра и одлична игра во одбраната па од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на ЕВН имаше одлични шанси за во второто полувреме но слаба завршница, ова го искористи ЕЛЕМ за сигурна победа во овој дуел со резултат од 8-4.