ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до сигурна победа над А1

ЕЛЕМ 7-1(1-0) А1

ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 9’ 34’ 35’ 38’ 40’ Шкиприм Руфати 21’ 25’
А1: Иван Митревски 25’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и А1, двете екипи настапија во овој дуел со цврста и дефанзивна игра. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ го подигаше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот, но А1 одлично ја постави одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. До крајо на првото полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да резлизира само еден погодок преку Спасеновски па на паузата замина со минимална предност од 1-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со пресинг игра со што изнуди грешка кај противникот што ја претопи во погодок и предност од 2-0. Екипата на А1 преку Митревски успеа во 25та минута да ја намали резултатската негатива на 2-1 и атакуваше на израмнување. Екипата на ЕЛЕМ не дозволи протиникот да дојде до реализација и со одлично изработени напади од минута во минута успеваше да го зголемува водството. Екипата на А1 користејќи го својот голман како голман играч се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но ЕЛЕМ ја искористи ваквата отворена игра на противникот за да дојде до одлична реализација и победа во овој дуел со резултат од 7-1.