ЕЛЕМ 7-3(3-2) Стопанска Банка
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 19’ Душан Спасеноски 8’ 13’ 34’ Тихомир Груевски 23’ Владе Јанакиевски 36’ 40’
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 9’ 38’
Екипите на ЕЛЕМ и Стопанска Банка го отворија третото коло од Бизнис Лигата на Македонија. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот во 8та минута од полувремето со погодокот на Спасеноски, по ова водство екипата доби ветер во грб и се почесто започна да се заканува кон голот на противникот. Екипата на Стопанска Банка успеа да ја искористи отворената игра на ЕЛЕМ и преку Симјановски во 9та минута успеа да израмни на 1-1, а во 12та минута успеаа да дојдат и до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ со два погодоци успеа повторно да ја врати предноста и на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и ја држеше игра и резултатот на своја страна. Од минута во минута ја зголемуваа предноста која до 36та минута изнесуваше 6-2. Во финишот на натпреварот екипата на Стопанска Банка успеа да намали но немаше сили за да стори нешто повеќе. Екипата на ЕЛЕМ на крајот од овој натрпевар славеше со 7-3.