
ЕЛЕМ 12-6(4-2) Аџибадем Систина
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 11’ 27’ Синиша Ковачевиќ 25’ Душан Спасеновски 10’ 19’ 27’ Тихомир Груевски 15’ 40’ Дони Кадру 29’ 37’ Владе Јанакиевски 32’ 35’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 26’ 38’ Мартин Ѓоргиоски 34’ Диме Стевсковски 14’ Златко Бошковски 36’
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕЛЕМ и Аџибадем Систина, двете екипи од самиот старт настапија со отворена и цврста игра. Екипата на Аџибадем Систина прва го отвори резултатот во 9та минута со погодокот на Трајковски, следуваше брз одговор од страна на екипата на ЕЛЕМ која за само две минути успеа со погодоците на Ничевски и Спасеновски да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на Систина во 14та минута успеа да дојде до повторно израмнување на 2-2 со погодокот на Стевковски. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ покажа подобра игра и одлична реализација па со два погодоци во 15та и 19та минута успеа да дојде до предност од 4-2 резултат со кој замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Аџибадем Систина се обиде користејќи го својот голман како голман играч да створи вишок во нападот со цел да дојде до поволна резултатска разлика. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја постави играта во одбраната не дозволи лесни погодоци на противникот и на крајот од овој дуел славеше со предност од 12-6