ЕЛЕМ со тимска игра до победа над Гранит

ЕЛЕМ 7-4(4-1) Гранит

ЕЛЕМ: Влатко Петровски 20 ‘30’ 31’ Владе Јанакиевски 11’ Николче Јовановски 8’ Тихо Груевски 1’ Дејан Апостоловски 39’
Гранит: Николче Глигуровски 12’ Ненад Антовски 28’ 38’ 40’

Одличне почеток за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Гранит, тие уште на самиот старт на полувремето наметнаа високо темпо на игра што им донесе рано водство во првата минута со погодокот на Груевски. Ова рано водство им беше дополнителна мотивација да продолжат со одлична игра па успеаа да дојдат до солидна предност од 3-0. Екипата на Гранит по оваа негатива ги консолидира своите редови и успеа со погодокот на Глигуровски да намали на 3-1 и продолжи со силен притисок кон голот на ЕЛЕМ. Екипата на ЕЛЕМ вешто ја искористи отворената игра на Гранит и преку брза контра успеа да го зголеми водството и на паузата да замине со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Гранит се обиде со голман играч да створи вишок во нападот и резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на ЕЛЕМ имаше своја вечер и одлично успеваше да ги одбие нападите на Гранит а преку брзи контри да доаѓа до изгледни шанси и да ја зголемува својата предност. На крајот од натпреварот екипата на ЕЛЕМ славеше со 7-4